skip to Main Content

Атрактивниот актер барал заштита од полиција: Непозната жена живеела со денови во неговиот дом

Атрактивниот актер барал заштита од полиција: Непозната жена живеела со денови во неговиот дом
  • 09.07.2019

Американскиот актер Ченинг Тејтум (39) морал да побара помош од полицијата откако дознал дека непозната жена провалила во неговиот дом. Меѓутоа, тоа не е најбизарната работа која му се случила. Имено, оваа обожавателка си земала работи со себе и живееле кај Тејтум десет дена!

Нејзе ја примети еден од асистентите на актерот и веднаш повика полиција. Ченинг најбрзо што можел побарал на таа жена да и биде забранет пристап. Освен тоа, Тејтум побарал и заштита за себе, поранешната сопруга Џен Џуан (38), неговата ќерка Еверли (6), како и за двајцата асистенти, што на крајот и му е одобрено.

Потсетуваме, Ченинг Тејтум се разведе од Џен Џуан во септември 2018 година, а веќе некое време е во врска со пејачката Џеси Џеј (31), за која, што е интересно, не побарал заштита.

 

 

 

Back To Top