skip to Main Content

Антониа Гиговска – победник на Макфест 2018

Антониа Гиговска – победник на Макфест 2018
  • 07.10.2018

Синоќа заврши 33. издание на реномираниот музички фестивал „Макфест 2018“.

Со освоени 30 гласови победник на фестивалот е Антонија Гиговска со песната „Никогаш не вели никогаш“.

Втората награда отиде во рацете на познатиот текстописец и продуцент, Роберт Билбилов кој ја отпеа песната „Чудни места“, додека на третата позиција се пласираше Дани Димитровска со „Време“.

Наградата за најдобар дебитант на фестивалот „Душан Љубисављевиќ – Дуле“ заврши во рацете на младата Мина Блажев со песната „Во други души“.

Back To Top