skip to Main Content

„Ќе се вика Северина“: Сара и Димитар во исчекување на новиот член во семејството (ФОТО)

„Ќе се вика Северина“: Сара и Димитар во исчекување на новиот член во семејството (ФОТО)
  • 03.09.2018

Се чини дека месец септември е нивниот месец на убави случувања.

Ексклузивно за порталот „Женски магазин“, младите родители застанаа пред објективот на фотографот Кристијан Теодоров и направија несекојдневна фотосесија заедно со миленикот Атос, каде меѓу другото открија детали околу одлуката за името на бебето.

Терминот за породување ми е на 9.09. Сѐ уште се мислиме за име, имаме неколку опции, зависи од тоа кога ќе се роди бебето. Но, ако се роди на 8-ми септември, задолжително ќе се вика Северина, хахаха. Сакам само со лесно да се породам, се да биде во ред, да е жива и здрава“, изјави Сара за „Женски магазин“, додека Димитар се надоврза: „Ќе видиме кој ќе победи по породувањето. Иако ни го кажаа веќе полот, дур не видам, не верувам“.

Имено, македонската пејачка Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски вчера прославија година од нивниот брак, па младата мама сподели убави мисли на нејзиниот Фејсбук профил.

Back To Top