skip to Main Content

Адријан Гаџа им се посвети на животните

Адријан Гаџа им се посвети на животните
  • 02.09.2018

Поп ѕвездата Адријан Гаџа не ја крие неговата голема љубов-животните. Тој во својот дома има неколку кучиња, кои ги вдомува од улица, ги негува па потоа ги вдомува. Вели дека тоа го прави среќен.

-“Се повеќе им верувам на животните. Луѓето се нешто бараат од вас, ве разочаруваат, ве изневеруваат, но животните знаат искрено да сакаат. Опкружен сум со нов и целото слободно време го трошам со животните.Таа енергија што тие ја шират не се купува со ништо на светот, ни кажа тој. Гаџа беше првиот кој  на македонската естрада и покажа што е сценски настап, со танчери и комплетна кореографија. Потоа кариерата ја префрли во Косово и Албанија, каде  денес е мега популаран. Неговите видео клипови имаат милионски прегледи на Јутјуб.

Back To Top