skip to Main Content

Славчо Попоски: По ПЕКОЛНИОТ бран СТРАШНО НЕВРЕМЕ го очекува Балканот, во среда пристигнува и кај нас

Славчо Попоски: По ПЕКОЛНИОТ бран СТРАШНО НЕВРЕМЕ го очекува Балканот, во среда пристигнува и кај нас
  • 11.08.2019

Невреме проследено со поројни врнежи, силен ветер како и грмежи од вторник и тоа најпрвин од северен Балкан поточно од Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина па потоа преку Србија, Црна Гора и Албанија ќе пристигне и кај нас. Поради судирот на две воздушни маси (многу топлата од југ и свежата од север) локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на изразено НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и појава на град кој локално има услови да биде и крупен. Токму поради оваа стиуација на граѓаните им се препорачува да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и да избегнуваат претстој на отворено. Поради интензивниот пороен дожд локално има услови да дојде и до поплавувања.

Кај нас пак во среда доцна попладне и навечер како и во четврток облачноста ќе се зголеми и локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите има услови да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и појава на град. Температурите на воздухот  пак до среда ќе бидат ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 35 до42 степени додека пад на истите и освежување ќе имаме во среда навечер и во текот на ноќта кон четврток за веќе во четврток попријатно да биде и преку денот кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени, освежувањето особено ќе се почувствува во северната половина од државава.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ

Back To Top