skip to Main Content

Славчо Попоски: КРИСТИЈАН ќе ја прекине сушата и ќе ги стиши пожарите -следуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Славчо Попоски: КРИСТИЈАН ќе ја прекине сушата и ќе ги стиши пожарите -следуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер
  • 03.04.2019

Циклонот КРИСТИЈАН кој се формираше ширум Европа во текот на следниот период ќе услови крај на сушата во Македонија а со тоа и стишување на пожарите кој периодов и тоа како ја зафатија државава.

До крајот на денов особено во западната половина од државава како и на север од истата ќе има повремени локални врнежи од дожд, локално ќе има услови и за развој на конвективни облаци и појава на грмежи а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец кој Долж Повардарието и на исток повремено и ќе засилува на интензитет.

Веќе за време на викендот како и на почетокот од следната недела циклонот КРИСТИЈАН ќе добие на интензитет со што врнежите ќе се прошират во најголем дел од државава и ќе се интензивираат, поради загревањето на атмосферата локално ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилноста.

Во продолжение на метеоролошката карта можете да го погледнете очекуваното количество на наврнат воден талог во следните десет дена во нашата држава:

Да напоменеме дека поради падот на температурите на воздухот за пет до осум степени во следните денови на високите планини ќе има врнежи од снег.

Подготви: Славчо Попоски

Back To Top