skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Обвинител врши увид на местото на железничка несреќа во Хиподром каде што во судир на воз и автомобил загина припадник на МВР
Пет дена за барање за амнестија, законот не важи за организаторите и насилниците на упадот во Собранието
Во Кривичен продолжува судењето за „Титаник“
Продолжува комисиската расправа за предлог амандманите на Уставот
Димитров во Брисел на средба на КОРЕПЕР
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Детална анализа на времето, влажни бранови и врнежи доаѓаат кон Македонија

Детална анализа на времето, влажни бранови и врнежи доаѓаат кон Македонија
  • 06.12.2018

Во текот на следниот период, два влажни воздушни бранови ќе ја зафатат нашата територија и ќе условат врнежи од дожд и од снег.

Првиот влажен бран ќе не зафати во сабота доцна попладне  и навечер а истиот ќе продолжи и во текот на ноќта кон недела, овој влажен воздушен бран ќе услови врнежи од дожд на ниските и снег на повисоките места и на планините каде ќе дојде до формирање на снежна покривка додека таму каде што веќе ја има истата ќе дојде до нејзино зголемување.

Не се исклучува можноста снежната граница да се спушти и на надморска височина до околу па и нешто под 1000 м.н.в и тоа особено на запад и на северозапад.

Потоа во недела врнежите ќе престанат накратко додека веќе во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник под влијание на нов влажен бран ќе има нови врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места и на планините, снежната граница повторно е можно да се спушти и до околу па и нешто под 1000 м.н.в.

Исто така во понеделник ќе има услови и за ретка појава на грмежи а во текот на ноќта сабота кон недела ќе дува и умерен, повремено засилен северен ветер додека во понеделник најпрвин ќе биде од југозападен а потоа од северозападен правец.

Максималните дневни температури во текот на овој период ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени додека малку потопло ќе биде особено во сабота кога температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.

Минималните температури пак и понатаму во делови од државава ќе се спуштаат во негатива, односно под нулата.

Подготви: Славчо Попоски

 

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top