skip to Main Content

Прада на суд поради купување повеќе од 700 млади крокодили

Прада на суд поради купување повеќе од 700 млади крокодили
  • 06.04.2018

Италијанската модна куќа Прада наскоро ќе се најде на суд поради проблеми во врска со купување кожа од 700 млади и 26 возрасни крокодили.

Тужбата против модниот гигант изнесува два милиона долари.

Прада влезе во судски проблеми откако фирмата „Капо-УСА“ (Capo-USA) откри како направила договор со неа за купување кожа од млади американски крокодили, која ќе се користи за изработка на егзотични модни додатоци.

Со помош на „Капо – УСА“, Прада нашла квалитетни одгледувачи на крокодили и со тоа ја олеснила испораката во фабриката „ГНП Пели“ во Италија.

„Капо – УСА“ биле платени за секој млад крокодил, а дополнително заработувале и од продажбата на кожа. Фирмата тврди дека самостојно превезле 726 крокодили на фармата на Прада во Луизијана, каде што се одгледуваат крокодили поради крзно и кожа.

Меѓутоа, „ГНП Пели“ наводно не ја платиле провизијата на „Капо – УСА“, со што е направена штета поголема од два милиона долари, што американската фирма ги бара преку тужба.

Прада побара предметот да се префрли во Федералниот суд во Флорида, а потоа и во Милано.

Back To Top