skip to Main Content

ПОДВИЖНА КУКЛА: Андријана Илиоска е новата „Мис на Медитеран“ за 2018 година (ФОТО)

ПОДВИЖНА КУКЛА: Андријана Илиоска е новата „Мис на Медитеран“ за 2018 година (ФОТО)
  • 01.05.2018

Преубавата скопјанка Андријана Илиоска е новата „Мис Медитеран 2018“ на изборот за убавина кој викендот се одржа во Киренија, Кипар.

Нашата претставничка, 18 годишната Андријана Илиоска од Скопје ја освои титулата во конкуренција на девојки од речиси сите држави од Медитеранот. Всушност на изборот покрај Андријана, со ист број на поени беше и претставничката на Италија.

Изборот се одржа во прекрасниот хотел „Мерит Ројал Интернационал“, во организација на „Аја продукција“ од  Бејрут, Либан, а лиценцата за Македонија ја поседува модното студио „Црнокрак“, чија членка е победничката Андријана Илиоска. Ова е петти пат како на овој интернационален избор за убавина победува девојка од модното студио „Црнокрак“.

На првиот избор кој се одржа пред 15 години во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати победи Маја Лазаровска, а и последниве четири години по ред победи носат и Симона Станковска, Теодора Миљкович, Евгенија Ризова и конечно оваа година Андријана Илиоска.

Back To Top