skip to Main Content

Неочекувано: „Пријателката“ Жана гостинка кај Сергеј Варошлија (ФОТО)

Неочекувано: „Пријателката“ Жана гостинка кај Сергеј Варошлија (ФОТО)
  • 19.07.2018

Ако многумина немаат храброст, тука е модниот критичар Сергеј Варошлија да одржи уште една лекција на тема професионалност.

Имено, во отвореното „Студио 1“, за време на доделувањето на гратис влезниците за концертите на Северина и Марија Шерифовиќ, Сергеј се стави пред предизвик и пред камерата на 1ТВ застана со неговата нова „пријателка“, змијата Жана.

Во свој препознатлив стил се чини дека модниот критичар го надмина овој момент со елегантност и без нималку страв.

Во текот на доделувањето водителот Христијан Баневски му постави прашање на Варошлија дали постои страв кај него, но тој веднаш без двоумење одговори дека змијата се плаши повеќе, отколку тој од неа.

Back To Top