skip to Main Content

Македонските модни блогерки на мета во „Студио Мода“ (ВИДЕО)

Македонските модни блогерки на мета во „Студио Мода“ (ВИДЕО)
  • 26.04.2018

Како модните блогерки сакаат да ви предложат да се облечете и како тоа го прават тие. Во Студио 1 на 1TV, Сергеј Варошлија на мета ги имаше македонските блогерки. Дел од коментарите на фотографиите поставени на социјалната мрежа Инстаграм во продолжение:


Комбинацијата не и е лоша, ниту кошулата, ниту панталоните, ниту очилата. Се е во тренд, освет тој панаѓур во позадина. Ова не личи на модна фотографија. Модата не е во прв план. Станува збор за моден блогер.

Овде што нуди?! – Чаша вино, самата себе, седната во гарнитура и софа со раката позади. Овде мене не ми е ништо модно, освен црвената боја што мене ми е тренди.

Овде изгледа одлично. Одлична комбианција на мејкап, коса, блузиата со панталоните, портокалово со црвено. Сакам да бидам манекенка, но успешна и е комбинацијата.

Погледнете го видеото и слушнете што имаше Сергеј Варошлија да каже за аутфитот на гостите за време на промоцијата на новиот видео запис на Виторија Лоба и Тајзи.

Како беше коментирана Ријана за време на нејзиното присуство на музичкиот фестивал „Коачела“, но и посетата на Брижит Макрон во Белата Куќа. Првата дама на Америка помина низ модната лупа, а коментарот беше дека таа го засени модниот свет за време на оваа средба.

Back To Top