skip to Main Content

Мадона и Ким Кардашијан ги откриваат своите тајни за убавина

Мадона и Ким Кардашијан ги откриваат своите тајни за убавина
  • 06.04.2018

Иако можеби не е очигледно на прв поглед, Мадона и Ким Кардашијан всушност имаат повеќе заеднички работи, отколку што мислевте. Двете се икони, познати поради постојаните трансформации на стилот.

Имаат афинитет кон дијаманти и провокативни модни ставови. Имаат изградено империи од лични брендови, кои станаа дури попознати и поуспешни од нив. На момент дури биле и сосетки, живееле буквално врата до врата. Но она што двете ги поврзува е нивната опсесија со нега на кожа и убавина. Нивните тајни ги открија во „интимен“ разговор на youtube.

Мадона и Кардашијан ги здружија силите да го прослават пуштањето во промент на најновиот продукт за кожа на Мадона – The Reinvention Cream. Кардашијан не криеше колкав фан е на произодите на Мадона, особено серумот за кожа, кој го употребувала во отсуство на нејзината вообичаена крема за сува кожа по забавата која Мадона ја организираше по Оскарите.

Во продолжение погледнете ги двата дела од разговорот на Ким со Мадона и откријте ги нивните тајни за убавина.

Прв дел:

Втор дел:

 

Back To Top