skip to Main Content

Лила во минимал сандали, Лоба со совршена елегантна фигура и Теа во мега гига кул издание! (ВИДЕО)

Лила во минимал сандали, Лоба со совршена елегантна фигура и Теа во мега гига кул издание! (ВИДЕО)
  • 30.04.2018

Јавните личности се често под лупа на медиумите. Тие тоа го знаат и најчесто себе промоцијата ја прават на социјалните медиуми. Тоа е најлесниот начин каде може да се изрекламираат, но и најлесно каде може да ги најдеме за да ги коментираме. Под модна лупа во „Студио Мода“ во 1TV се најдоа јавните македонки кои се активни на социјалните медиуми.

Лила Филиповска дефинитивно е најактивна и во последно време изгледа одлично. Во креација на „Елена Лука“, искомбинирана со минимал сандали, коса и мејкап.

Сергеј за Викторија Лоба ќе каже „Ја засакувам се повеќе и повеќе“, ми се допаѓа косата, мејкапот ми се допаѓа како е облечена. Но има и замерка за чевлите, смета дека платформата не и е потребна, и вели има совршена елегантна фигура. Чевлата која ја носи на овој аутфит ја прави погруба нејзината силуета.

За Теа Трајковска вели дека е облечена е во мега гига кул младо издание. Фотографирана е во џинс, топ, одлична коса и мејкап. Сергеј вели „Теа продолжи така“.

Модната полиција ја коментираше и модната ревија на модната креаторка Росица Мршиќ. А воедно беше презентирана и најбараната кожна чанта изработена од кожа од ној, на која скоро сите познати личности во светот се колекционери, што за некој се шпекулира дека имаат дури и повеќе од 200 парчиња. Приказната за оваа чанта започнува некаде во 1983 година. Приказната за оваа чанта може да ја слушнете во продолжение од видеото.

Back To Top