skip to Main Content

Во конкуренција на 25 мисици, нашата Симона Станковска најубава во Истанбул (ФОТО)

Во конкуренција на 25 мисици, нашата Симона Станковска најубава во Истанбул (ФОТО)
  • 10.04.2018

Минатиот викенд во Истанбул се одржа интернационалниот збор за убавина, „Мис Глобал Еуроасиа“. Интересно е што право за учество имаа само девојки кои претходно имаат освоено некоја интернационална титула.

Македонија ја претставуваше Симона Станковска, која ја има освоено титулата „Мис на Медитеранот“ во 2015 година.

Таа повторно направи фантастичен успех и победи во конкуренција на 25 мисици од разни светски избори.

Натпреварот се одржа во „Гранд Џеваир и Конвентион Центар во Истанбул, каде девојките претстојуваа 10 дена и се подготвуваа за финалната манифестација.

Лиценцата за овој избор за Македонија ја поседува модното студио „Црнокрак“,  чија членка е победничката, 23 годишната Симона Станковска од Скопје.

На изборот како специјален гостин се појави и уште една наша убавица, Сандра Стефановска, која минатата година победи на изборот за кралица на Евроазија, последниот натпревар организиран од истиот организатор и таа на крајот на изборот доби специјална награда и признание.

Back To Top