skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Саливан: САД силно го поддржуваат Преспанскиот договор
Димитров и Саливан: Реафирмирање на американската поддршка на интеграцијата на Македонија кон ЕУ и НАТО
„Титаник 2“ продолжува на 26. декември кога ќе се слушаат телефонски разговори
Поднесени седум амандмани на уставните измени – од независната пратеничка група, Алијансата на Албанците, Беса и Мухамед Зекири
Тело за помирување: Амнестија ќе нема за организаторите, тепачите и вооружените лица на 27 април
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Mицкоски на Фејсбук: Полицијата на министерот за тортура Спасовски упадна во домовите на активисти на ВМРО-ДПМНЕ

Mицкоски на Фејсбук: Полицијата на министерот за тортура Спасовски упадна во домовите на активисти на ВМРО-ДПМНЕ
  • 07.12.2018

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук обвинува дека Министерот за прогон и тортура Спасовски со политички контролираниот дел од полицијата минатата недела упаднаа во домовите на петнаесетина активисти и отворени поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ.

-Значи, не поранешни или актуелни функционери, туку обични, лојални членови на партијата, кои отворено застанаа против црното владеење на Заев и СДСМ незадоволни од она што се случува во нашата држава, напиша на својот фејсбук-профил Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Власта треба да биде свесна дека може да уапси 10, 20 луѓе, и така ќе ги чини задоволни оние 100, 200 најзапалени луѓе од власта, но ниту една власт, а најмалку оваа може да уапси цел народ. И во моментите кога ги прават овие неправди може навистина мислат дека остваруваат некакви краткорочни победи, но дури тогаш треба да знаат дека тоа се нивните најсилни порази. Овие црнила ќе бидат победени, затоа што зората ќе изгрее за сите, а светлината ќе биде посилна од ова црно владеење, напиша Мицкоски.

Од МВР го демантираа напишаното од Мицкоски, нарекувајќи го дезинформации.

-Полицијата, по смената на раководството во 2017 година, работи професионално и само и исклучиво врз основа на законите. Согласно законските надлежности се преземаат различни акции, но ниту една не е мотивирана од политички мотиви туку исклучиво за санкционирање на одредено криминално делување, со цел подобрување на безбедноста на граѓаните. На тој начин полицијата ќе продолжи да работи и во наредниот период, се со цел граѓаните да се чувствуваат безбедно, се вели во реакцијата на МВР.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top