skip to Main Content

Jовески: Обвинителството ќе ги разгледа предметите на СЈО, а Советот ќе одлучи за специјалните обвинители

Jовески: Обвинителството ќе ги разгледа предметите на СЈО, а Советот ќе одлучи за специјалните обвинители
  • 09.09.2019

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески очекува обвинителството наскоро да ги презеде и разгледа предметите на СЈО, за да се констатира во која фаза стигнале.

-Првиот чекор е преземањето на предметите, а потоа согласно законот, Јавното обвинителство ќе ги разгледува предметите според своите надлежности. Очекувам тоа да се случи наскоро, изјави Јовески за Алсат.

Воедно, тој додава дека после 15-ти септември Советот на јавни обвинители е надлежен да одлучи дали специјалните обвинители треба да се вратат во матичните обвинителства.

Back To Top