skip to Main Content

Copy paste новинарството ставено на snooze

Copy Paste новинарството ставено на Snooze
  • 28.07.2019

„Невозможна е цензурата, ама очигледно е дека невозможна е и точната информација и вест. Размислете, пред да удрите во шерпата преполна лага„

Вчера, еден медиум објави информација дека новинар од „1ТВ“ се пријавил да даде исказ за „Рекет“.

Информацијата се сведе на тоа дека медиумот „дознал“ за ова. И толку. Ништо повеќе. Ни од кого, ни кога, ни што, ни кој….

Но, копи-пасте новинарство (трка за што повеќе информации и кликови, преземање на вести од други портали, од фесбук, од твитер, воопшто не се проверува изворот и кредибилитетот на таа информација) докажа дека е помоќно оружје за ширење на лажни вести, притоа не навлегувајќи сериозно во суштината на веста, само со background од она што веќе е познато.

Па дури никој од медиумите (со редок исклучок) не се ни потруди да сврти телефон за да праша дали е вистина ова или некој нема како да „шитне“ вест, па ајде, мислејќи, или можеби на пишувачот на текстот, од негов извор, а заради безбедноста и слично не смее да го именува, разбрал дека македонскиот читател има „модифициран“ ментален склоп, му ја знае шифрата, па си вика „ајде, што да не“, ќе пишам за Бојан Јовановски, па и титула директор ќе му „опнам“ – 100% ќе упали. И за жал упали кај медиуми, печатени и електронски.

Финале: Требаше ли случај “Рекет” за да се допре новинарското дно – се известува непроверено, шпекулативно, без факти и докази.

Дамјан Варошлија

Воведот е цитат искористен од тука

Back To Top