skip to Main Content

Aдвокатите на Jанева негираат дека барала да се спогоди

Aдвокатите на Jанева негираат дека барала да се спогоди
  • 10.10.2019

Од oдбраната на осомничената Катица Јанева велат дека се апсолутно неточни информациите дека таа барала спогодба за случајот „Рекет“, во кој е осомничена за злоупотреба на службената положба.

– Немаме поднесено никаква формална понуда за спогодба – велат од одбраната и додаваат дека е недозволиво изнесување на информации кои се тајни што го сфаќаат само како обид да се ослабне позицијата на Јанева.

Како што објавивме Јанева е во лоша здравствена состојба и ѝ било одобрено денеска да оди на кардиолошко-интернистички преглед во болницата „Жан Митрев“.

Специјалната јавна обвинителка втор месец е во притвор како осомничена во случајот „Рекет“.

За денеска обвинителката Вилма Русковска најави дека ќе го поднесе обвинението за случајот „Рекет“.

фото:архива

Back To Top