Оставката на Богоевски во фокусот на Студио 1

На самиот почеток на Отвореното Студио 1 Антонио Крстевски и Влатко Чаловски направија најава за денешната програма на 1ТВ, а потоа следеше краток извадок од вчерашното студио со Александар Чомовски.
Оставката на пратеникот Павле Богоевски е преседан во досегашниот парламентаризам во земјава и се очекува да предизвика промени во етичките кодови на носителите на јавните функции. За ова во Отвореното Студио 1 разговараа собраниските аналитичари Тодор Пендаров и Глигор Стојменов и политикологот Борјан Ѓузелов.
Ѓузелов се надева дека ова ќе биде пресвртна точка, бидејќи со својот чин Богоевски стана херој во целата ситуација, додека пак Пендаров смета дека медиумите придонеле за тој да си поднесе оставка, но и дека е трагично тоа што владината коалиција ги чува како капка вода на дланка оние осум пратеници кои ги отворија вратите на Собранието.
Целото видео погледнете го во продолжение:
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.