skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Продолжува комисиската расправа за одземање на имунитетот на Вељаноски
В понеделник оставка од Котевски, но и извештај од истрагата за инцидентите
Манчевски: Неколку дена пред Конгресот на СДСМ ќе биде познат кандидатот за претседател
Осудените за „Диво насеље“ со отворено писмо до Ахмети, Груевски и Мијалков
Мицкоски: Поддршката за Силјановска Давкова е поддршка за правната држава
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

„27 април“: Упадот го координирале ВМРО-ДПМНЕ и УБК, АРМ демантира учество

„27 април“: Упадот го координирале ВМРО-ДПМНЕ и УБК, АРМ демантира учество
  • 07.12.2018

Иницијативата „За заедничка Македонија“ била формирана од ВМРО-ДПМНЕ и имала фиктивни водачи, а структури на УБК го организирале насилството во Собранието на 27 април 2017 година, изјави вчера пред судот Александар Василевски – Нинџа, еден од 33-цата обвинети за настаните во Собранието.

Според исказот на Василевски, вистинските водачи на иницијативата „За заедничка Македонија“ биле Спиро Ристовски и Кирил Божиновски, а програмата за секоја нивна активност била пишувана во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски на 27 април му кажал дека „комуњарите сакаат да бираат претседател и дека во секој момент треба да биде прогласена воена состојба“, а во 19:15 му се јавил и му рекол да оди да известува од терен.

Исказ пред судот, вчера даваше и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Владимир Атанасовски, кој беше спроведен од притвор. На прашање од судот каде бил на 27 април, рече дека не се сеќава точно, но дека по завршување на работното време бил на натпревар. Во однос на Нинџа рече дека со него се познава од теретана околу две и пол години, односно недела до две пред да стане директор на УБК, а за тоа дали Нинџа бил вработен во службата, Атанасовски се повика на тајност.

Василевски пред судот кажа и дека на една од клупите во „Жена парк“ го сретнал и Горан Грујоски, кој му рекол дека „нема да има вонредна состојба поради притисок од странците кај претседателот на државата“. Околу 22:15 го одвеле во прикриена база на УБК кај Државна болница, каде биле Бошкоски и Сашо Марковски, каде пак разбрал дека се одземени хард дисковите од обезбедувањето на Собранието.

Генералштабот на Армијата на Република Македонија, вчера излезе со демат за информациите за каква било инволвираност на АРМ во случувањата во Собранието на 27 април минатата година оценувајќи ги како груби дезинформации. Од ГШ на АРМ потенцираат дека стојат на располагање во целост да ги презентираат сите податоци и да соработуваат со сите надлежни институции со што конечно ќе се стави крај на натамошни шпекулативни толкувања со кои се нарушува угледот на Армијата.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top