skip to Main Content

„27 април” во изборна кампања

„27 април” во изборна кампања
  • 27.04.2019

Претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски на двегодишнината од собраниските инциденти ја прозва кандидатката за шеф на државата на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска зошто јавноста во очи на вториот круг од претседателските избори не слушнала осуда од нејзината уста. Осуда за организаторите и учесниците на крвавиот четврток до сега не биле изнесени ниту од партијата која ја поддржува.

Оние кои тоа го направија и ден денеска ја бараат вашата доверба врз истата палатформа врз истите политички постулати велејќи дека сакаат повторно да  дојдат на власт колнејќи се во правото и правдата. Сите тие флоскули и фрази за право и правдина би вределе, би имале тежина 1-50 во случај само доколу Гордана Силјановска и партијата која ја поддржува го осудат овој чин и конечно кажат дека од таквите луѓе кои тоа го организираа сите ние треба да  се срамиме. Ова е многу побитно од тоа кој ќе победи на изборите,  дури и од пратенички мандати, од советнички мандати, од бројот на гласови што ќе ги добимеме,  дури и од тоа дали ќе добиеме датум за преговори или нема да добиеме датум за преговори во јуни. Едноставно како луѓе мора да се погледнеме во очи и да си кажеме дека тоа не беше во ред тоа не беше демократски и дека такви практики во оваа држава веќе никогаш повеќе нема да се повротуваат сосема е небитно кој е на власт а кој е во опозиција, рече Пендаровски.

Портпаролот на партијата која го поддржа Пендаровски, Костадинов на новинарско прашање зошто собраниското мнозинство го изгласа Законот за амнестија со кој беа амнестирани дел од учесниците, со одговор.

Затоа да не ги ставаме граѓаните во дилема, Собранието оваа власт, нема амнстирано никој. Донесовме Закон тоа што ни е работа како законодавци  на судот да  му дозволиме и да му дадеме можност да цени и да направи јасна дистинкција кои се извршители, кои се нарачатели, а кој бил во Собранието онака заведен  во толпа, рече Костадинов.

Од Алијансата за албанците, пак, го повикаа спикерот Џафери да одговори зошто не го постави каменот кој тие го донесоа пред Собранието пред една година како потсетник на соборувањето на тогашниот режим Груевски – Ахмети.

Во знак на одбележување на денешниот датум штого симболизира денот кога беше соборен 10-годишниот режиме Груевски – Ахмети, минатата година пред велллзот на Собранието поставивме камен со натпис 27 април 2017 година. Тој камен и денешниот ден не потсетува дека се симбол за исчекорување кон НАТО и ЕУ, но не потсетува и на бегството на Али Ахмети. Го немаше кога се случуваа битни настани во Македонија. Дали бегството на Али Ахмети го спречи да го постави симболот, рече потпретседателката на Алијансата, Бујареа Абази.

Од кабинетот на собранискиот спикер Талат Џафери преку писмена реакција ги негира обвинувањата изнесени од Алијанса за Албанците и посочија дека каменот со натписот 27 април 2017 година стои на истото место каде бил поставен минатата година.

Весна Велкова Тодоровска

Back To Top