skip to Main Content

17 години Рамковен договор – Патот до Брисел преку Охрид

17 години Рамковен договор – Патот до Брисел преку Охрид
  • 13.08.2018

Тематски панел „Патот до Брисел преку Охрид“ во рамки на одбележувањето 17 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор ќе се одржи денеска во Клубот на пратеници во организација на Секретаријатот за европски прашања.  

„Денес, Република Македонија е исправена пред еден од најважните предизвици во својата понова историја – да ја комплетира својата надворешна интеграција. Преку овој панел ќе се обидеме да создадеме врска меѓу Охрид, како симбол на внатрешната интеграција, и Брисел, кој ја симболизира нашата надворешна интеграција, т.е. нашата аспирација за полноправно членство во НАТО и Европската унија”, информираат од Секретаријатот за европски прашања.

На панелот, како што е најавено, ќе се обратат премиерот Зоран Заев, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, како и сер Барни Вајт Спунер, поранешен генерал на Британската армија и поранешен командант на НАТО во Република Македонија, за време на потпишувањето на Рамковниот договор.

Специјален гостин на панелот ќе биде и Евелин Фаркаш, поранешната заменичка на помошникот секретар за одбрана на САД, задолжена за Европа и Азија во администрацијата на Обама, одговорна и за политика на САД кон Балканот.

На панелот ќе учествуваат и Дафина Јовановска – Стојановска, пратеник во Собранието на Република Македонија, како и претставник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, партија потписник на Охридскиот рамковен договор.

Говорниците низ темата на панелот ќе ги води вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Back To Top