skip to Main Content

Здравев: Сите предмети на СЈО мора да се завршат

Здравев: Сите предмети на СЈО мора да се завршат
  • 10.09.2019

Претседателот на Судскиот совет Киро Здравев денеска изјави дека сите предмети отворени од СЈО, независно во која фаза се наоѓаат, треба да добијат соодветна судско-обвинителска завршница.

-Моето мислење е дека сите предмети кои што се отворени од страна на СЈО мора да добијат краен епилог. Мора да има судска завршница. Се разбира дека предметите кои што веќе се во судска постапка судовите ќе си ги завршат, предметите кои што се обвинителска постапка, кои што не се завршени, обвинителите се тие кои што траба својот дел од работата да го сработат и да поднесат конкретни поднесоци, во смисла на обвинителен акт или предлози до судовите како би можеле и тие да постапат, изјави Здравев.

Тој додаде дека сите постапки треба да се завршат и јавноста да биде навремено информирана.

Back To Top