skip to Main Content

10.000 слободни места, се бараат гробари, одгледувачи на свињи, пејачи, возачи, медицински сестри

10.000 слободни места, се бараат гробари, одгледувачи на свињи, пејачи, возачи, медицински сестри
  • 30.04.2018

На околу 200.000 невработени лица, од кои 100.000 активно бараат работа, Агенцијата за вработување не може да пополни речиси 10.000 слободни работни места кои ги огласиле работодавците. Се бараат месари, продавачи, возачи, медицински сестри, гробар, одгледувач на свињи, но и менаџери, директор на основно училиште, наставници.

Платата која се нуди од работодавците е најчесто минималната загарантирана од 12.000 денари, дури и за специфични дејности како сметководител, медицинска сестра, гробар, готвач. За економист се плаќа 15.000 денари исто колку и за пејач во ноќен клуб, а за програмер дури 18.000 денари…Менаџерската плата е од 20.000 до максимум 30.000 денари.

Секој ден на сајтот на Агенцијата се објавуваат новите слободни работни места, и за жал ако пред извесен период бројот на места кои не се попоплнуваат изнесуваше околу 5.000, сега таа бројка е дуплирана. На листата на лица кои бараат работа на Агенцијата заклучно со февруари годинава се регистрирани вкупно 102.834 лица кои активно бараат работа и уште 89.653 лица кои не се активни во потрагата по работа.

Според образованието пак, на листата се 44.569 лица со основно образование, потоа 14.611 лица со непотполно средно образованоие и 28.864 со завршено средно.  Има 12.182 лица кои активно бараат рабита а завршиле факултет, а тука се и 925 магистри и 37 доктори на науки. Нема информација зошто на толку невработение, овие места зјаат празни и дали платата или друг фактор е причина зошто се непополнети.

Back To Top