skip to Main Content

1ТВ разговор: Една година 1ТВ освежување во етерот

1ТВ разговор: Една година 1ТВ освежување во етерот
  • 29.03.2019

По една година постоење, 1ТВ се етаблираше во македонскиот медиумски простор како лидери во презентирање на ексклузивни, навремени и точни информации, исполнувајќи ги стандардите што ги поставува целокупниот тим.

Со квалитетни програмски содржини, држејќи се до основниот концепт на програма со информативно – забавен карактер, 1ТВ ги потврди причините за гледаноста.

Во денешното Отворено Студио 1 уредниците на 1ТВ направија мала анализа за оствареното и очекувањата во иднина.

Според уредникот Сашо Орданоски, 1ТВ е уникатен пример за брзо растечки медиум.

-Мислам дека тоа што го зацртавме тоа и го остваривме. Сакавме жива телевизија, сакавме динамична, релевантна. Ако треба линк за пет минути за толку време и да се постави, ако треба да се патува, тоа веднаш да се направи. Отворена програма во отворено студио. Но со една поддршка од една помлада екипа, испорачавме нешто што пред една година и сакавме да го имаме како производ. Јас сум одамна во овој бизнис и можам да кажам дека во Македонија нема таков пример, па и во други земји, каде што за толку кратко време, толку брзо се етаблира овој тип на медиум, вели уредникот Сашо Орданоски.

За уредникот Гордана Дувњак, граѓаните се вистинското мерило за квалитет.

„За мене граѓаните се вистинско мерило колку успеавме оваа година да постигнеме и да се наметнеме на медиумскиот пазар. Да бидам нескромна, мислам дека се повеќе и повеќе го добиваме вистинското место и слушам позитивни критики што не значи дека не сме отворени за негативни критики што доаѓаат. Телевизијата е жива материја, многу динамична. Секој ден е нов ден.

Според Александар Чомовски, синергијата помеѓу телевизијата и гледачите е знак дека тие не уважуваат и не гледаат.

„Она што мене овде ме исполнува се двете жички во професијата, а тое телевизија која се слуша или радио како телевизија. Мислам дека е тешка перцепцијата дека некој ќе седне на фотелјата и ќе ги пропушти оние турски серии, но битно е што нас не слушаат, вели Чомовски.

За уредникот Борјан Јовановски, 1ТВ е на добар пат да биде најгледаната телевизија во Македонија.

„Мене ми е драго и одамна ми било желба да бидам во еден колегиум каде што се разбираме и полемизираме за одредени работи. Имаме и несогласувања, што е многу добро, и мислам дека тоа е предноста на оваа телевизија“, вели Јовановски.

Разговорот погледнете го во видеото:

Back To Top