skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

1ТВ – пример за објективност и професионалност

1ТВ – пример за објективност и професионалност
  • 24.07.2019

Почитувани,

Вечерва, 24.07.2019, можеби беше и последниот Дневник кој го гледавте на 1ТВ.

Најголемиот удар кој новинарството може да го доживее е згаснување на еден медиум. Згаснување на јавен простор, за што веруваме дека никому не оди во прилог, особено не на државата која е пред портите на НАТО и ЕУ, односно највисокото ниво на демократски вредности.

Денеска, исправени пред предизвикот на овие тешки две недели за телевизијата, соочени сме дури и во вакви услови да не отстапиме од објективно и професионално известување. Тимот на 1ТВ ги почитува сите новинарски стандарди и известува непристрасно. Гледачите беа сведоци дека 1ТВ ги изнесе сите информации во јавноста, дури и во услови кога иднината на телевизијата е загрозена. Сепак, случувањата поврзани со Бојан Јовановски, влијаат и на медиумот.

1ТВ беше мета на неосновани напади, шпекулации и лажни вести со цел да се дискредитира новинарскиот кадар. Лажните вести, можат да бидат интересни за одредени центри на ден-два, но останува поголемата слика. А тоа е дека 1ТВ во иднина може да биде медиум за остварување на професионалните планови на постоечките но и идните генерации на новинари. Целиот новинарски кадар на 1ТВ е горд што покажа и докажа пред македонската јаност дека дури и на своја штета постојат луѓе кои ги бранат новинарските стандарди и новинарската професија. Начинот на кој телевизијата известува за случајот „Рекет“ е позитивен преседан во македонското новинарство.

Сепак иднината на оваа платформа, овој медиум, кој започна со емитување програма на 29.март 2018 година и за само една година и пол, се потруди да внесе свежина во етерот е доведена во прашање.

Медиумскиот етер во Македонија, не познава друга платформа каде што граѓаните во толку голем процент биле директни учесници во програмата. Отвореното Студио послужи како платформа за изразување но и за значајна промоција на нови генерации на критичари, аналитичари, експерти, правници, економисти, режисери, нови генерации во модерната технологија, спортисти и музичари.

Ексклузив, даде несебична поддршка за познатите но и оние музички имиња кои беа во подем. Спортот, беше тема која не ја сведувавме на 2 минути во Централниот Дневник, туку некои од најзначјаните спортски случувања добија свој значаен простор во ударните термини на Отвореното студио.

Програмата во живо некогаш знаеше да трае и по цели 12 часа каде што се менувале гостите и нивните различни ставови, затоа штои ние веруваме дека различноста е основа на демократијата. Секој вработен во телевизијата кој во изминатата една година несебично се вложи и да даде придонес за оваа телевизија да продуцира квалитетна и различна програма  која беше прифатена од гледачите.

Да се надеваме, дека ова не е одјава, туку свеж почеток за рестартирање на 1ТВ.

Back To Top