skip to Main Content

1ТВ од денеска на 13 канал на МахTV

1ТВ од денеска на 13 канал на МахTV
  • 04.04.2018

Поради големиот интерес на публиката, од денеска програмата на 1ТВ ќе се емитува преку кабелскиот оператор MахTV. Сите претплатници на МахTV програмата ќе можат да ја следат на каналот број 13.

Во рамки на програмата на “1ТВ“ гледачите ќе може да следат и специјализирани емисии за судство, економија, шоу биз, спорт, сите во сопствена продукција на телевизијата, како и квалитетни домашни и странски филмови. Централна информативна емисија е “Студио 1“, која се емитува секој работен ден од 17 до 19 часот.

Во рамки на “1ТВ“ се продуцирани и пласирани програмски содржини според принципот на квалитет, држејќи се до основниот концепт на програма со информативно – забавен карактер. Во фокусот на новата национална телевизија е продуцирање на телевизиски продукти, изворно создадени на македонски јазик, поддржувајќи ги и поттикнувајќи ги вокално-инструменталната музика, документарните и играните содржини.

Мисијата на новинарската екипа од телевизијата “1ТВ“ е посветено да работи на подигнување на новинарските професионални стандарди, преку објективно, професионално и непристрасно информирање на граѓаните, сѐ со крајна цел – севкупно подобрување на слободата на изразување и информирање. Водени од мислата за збогатување и дополнување на медиумскиот пејсаж, телевизиската екипа ќе се стреми кон пласирање содржини базирани на начелата за програмски и содржински плурализам, застапеност на различни општествени ставови, по сите општествени прашања и теми, како и актуелизирање на проблемите со кои се соочуваат малцинските групи во општеството.

На овој начин, “1ТВ“ ќе придонесе за создавање атмосфера на недискриминација и широка инклузија на сите општествени групи, креирајќи “јавен форум“ во којшто секој е добредојден.

 

 

Back To Top