skip to Main Content

1ТВ одговара на повикот на „Го сакам Водно“: Ги каниме властите и активистите на ТВ дебата

1ТВ одговара на повикот на „Го сакам Водно“: Ги каниме властите и активистите на ТВ дебата
  • 05.09.2018

По дебатата организирана од Град Скопје, активистите од здружението „Го сакам Водно“ тврдат дека биле во нефер позиција во дискутијата наспроти претставниците на институциите и општинските власти. Поради ова активистите на социјалните мрежи упатија апел до националните телевизии да организираат ТВ дебата со Шилегов, Макрадули и Реџепи. 1ТВ со задоволство одговара на овој повик и ги известува дека нашата програма е отворена за судир на ниивните аргументи. Во наредните денови, нашата редакција ќе ги контактира и официјално ќе ги покани сите засегнати страни. Зависно од нивните одговори ќе ја информираме јавноста дали ќе се исполнат условите за реализација на дебатата на неутрален терен.

Back To Top