skip to Main Content

1ТВ најостро ги демантира лагите изнесени од Азманов чија цел се стопирање на содржините во „Македонски Инсајдер“

1ТВ најостро ги демантира лагите изнесени од Азманов чија цел се стопирање на содржините во „Македонски Инсајдер“
  • 21.01.2019

Уредничкиот колегиум на 1тв и сопственикот на 1ТВ, Бојан Јовановски најостро ги осудуваат изнесените измислици и лаги од страна на Зоран Азманов, кажани на денешната прес-конференција на која тој обвини дека од него бил побаран рекет од 50 илјади евра или стан.

Дека ваквите изјави се груби измислици и манипулирања со јавноста со цел да се спречи објавувањето на најавеното криминално досие за валканите бизниси во градежната мафија  во „Македонски Инсајдер“, показател е тоа што тој не приложува никакви докази за тврдењата, бидејќи истите не постојат. Постојат само смс-пораките во кои Азманов до главниот и одговорен уредник на 1ТВ, Ацо Кабранов пишува „Ќе ве убијам па ќе се самоубијам“.

1ТВ ги охрабрува институциите да ги испитаат сите изнесени тврдења од страна на Азманов и најавува тужба за клевета за изречените лаги и невистини.

На заканите на Азманов денеска се огласи и Здружението на новинари на Македонија од каде најостро ги осудија заканите за убиство упатени кон новинарите и уредникот Кабранов.

Притоа Азманов на денешната прес-конференција, за криминал ги обвини и бизнисменот Чифлиганец, како и екс-градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски.

Иако во прес-конференцијата, Азманов тврди дека Чифлиганец се рекламирал во 1ТВ, се работи за лаги, бидејќи истиот нема закупено маркетинг простор во телевизијата и за овие обвинувања 1тв се оградува.

Уредничкиот колегиум на 1ТВ напоменува дека сите закани што ќе дојдат и доаѓаат ќе бидат предадени и процесуирани до надлежните институции. Потоа, сите материјални докази што истражувачкиот тим на 1ТВ ќе ги собере за состојбите, а сѐ е тоа поврзано со криминал исто така ќе бидат доставени до надлежните институции.

Сите непристојни понуди се и ќе бидат одбиени. Обиди за поткуп за да се стопираат овие материјали не поминуваат. „Македонски инсајдер“ е лиценциран формат и ќе работи по тие стандарди.

Back To Top