skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

1ТВ: ММА манипулира дека Основен суд – Скопје 2 и досудил оштета на 1ТВ

1ТВ: ММА манипулира дека Основен суд – Скопје 2 и досудил оштета на 1ТВ
  • 18.04.2019

1ТВ најостро и целосно ги отфрла шпекулациите изнесени во реакцијата на Македонската Медумска Асоцијација (ММА), во која се тврди дека Основниот суд – Скопје 2 незаконски влијае на изборниот процес а по прифаќањето на времената мерка поднесена од телевизијата за емитување на платено политичко рекламирање за време на претседателските и предвремените локални избори. Квалификациите на петте национални телевизии, членки на ММА дека „Основниот суд донел целосно незаконска одлука со која пресуди надомест на штета од 100.000 евра за 1ТВ  и и’ наложи на ДИК да го објави ценовникот на телевизијата“ 1ТВ ги оценува како тенденциозни, хипотетички и манипулативни но и како оркестрирана хајка против телевизијата

Квалификациите на петте национални телевизии, членки на Македонската Медумска Асоцијација (ММА)  дека „Основниот суд Скопје 2 донел целосно незаконска одлука“ со која, како што велат тие „пресуди надомест на штета од 100.000 евра за 1ТВ  и и’ наложи на Државната изборна комисија (ДИК) да го објави ценовникот на телевизијата“ се тенденциозни, хипотетички и манипулативни реагира менаџментот на 1 телевизија по реакцијата што ја објави ММА а ја презедоа неколку други електронски медиуми.

„Зошто ММА манипулира кога во решението на Основниот суд Скопје 2 никаде не пишува дека на 1ТВ и е пресуден надомест на штета од 100.000 евра како што тврдат од асоцијацијата, туку станува збор за времено решение со кое судот и’ дозволил на 1ТВ да се вклучи во политичкото рекламирање, поради постоењето на веројатна опасност значително да се отежне наплатата на идните побарувања. Во однос на тврдењата дека Граѓанскиот суд „незаконски влијаел на изборниот процес“, судот во решението точно објаснил од каде ја црпи својата надлежност да постапува по предлогот поднесен од 1ТВ и на кои одредби од Законот за парнична постапка и од Законот за обезбедување на побарувањата се повикува“, велат од менаџментот на 1ТВ.

Во меѓувреме Државната изборна комисија поднесе жалба до Основниот суд Скопје 2 со која бара укинување на претходно донесеното решение на судот а усвојување на нејзината жалба во целост. Барањето ДИК го темели врз основа на, како што пишува во причините за жалбата, судот при носењето на решението сторил суштински повреди на одредбите од парничната постапка и погрешно ја утврдил фактичката состојба, што придонело кон погрешна примена на материјалното право.

Со ваквата координирана реакција, сметаат од менаџментот на 1ТВ, се врши притисок врз судската власт. Од таму денеска пак стигна демант во врска со наводите во реакцијата на Македонската медиумска асоцијација.

„Во конкретниот случај, станува збор за Решение за времена мерка со која се наложува објавување на ценовник на веб страната на Државна изборна комисија но не и досудување на оштета. Предлагачот за оправдување на времената мерка во постапка по тужба дополнително ќе го докажува износот. Во конкретниот случај судот донел Решение кое се уште не е конечно и правосилно. До одлучување пред Апелациониот суд Скопје недозволиво е да се напаѓа првостепениот суд и да се изнесуваат констатации и забелешки како во реакцијата на Македонската медиумска асоцијација. Поради овие причини, неприфатливо е да не се бираат средства во одбраната на лични ставови и перцепции за законитоста на судските одлуки“, пишува меѓу другото во демантот на Основниот суд Скопје 2.

1 ТВ веќе објави дека Управниот суд претходно се прогласи за ненадлежен да постапува по известувањето на Државната изборна комисија со кое се отстрани ценовникот на 1ТВ од листата на медиуми и не и’ беше дозволено платено политичко рекламирање, без притоа да и се даде правна поука дали и каде може да се жали. При тоа Управниот суд констатира дека ДИК излегла надвор од своите права и овластувања во насока на прифаќање и одобрување или неодобрување на ценовниците веднаш, без разлика дали тие се навремно или ненавремено доставени.

Back To Top