1ТВ – Македонски Инсајдер е заштитен ТВ формат преку официјална агенција за заштита на интелектуална сопственост

1ТВ најостро ги демантира тврдењата на „Инсајдер Продукција ДОО“ од Р.Србија, каде што на својот портал објави дека подготвува тужба поради телевизискиот проект „Македонски Инсајдер“, најавен на 1ТВ.
Во ниту еден момент, 1ТВ не била обврзана за дозвола од српската „Инсајдер продукција ДОО“. „Македонски Инсајдер“ е телевизиски формат засебен за територијата на Република Македонија, во согласност со позитивните прописи на Република Македонија.
Ништо нема да го спречи објавувањето на „Македонски Инсајдер“.
Во прилог на демантот и соопштението од официјалната агенција за заштита на интелектуалната сопственост.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.