skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Бектеши – Азеведо: Северна Македонија е на вистински пат за отворена економија и економски раст
Неизвесна лидерската средба, Мицковски не гледа потреба да присуствува
Седница на собраниската Комисија за здравство
Земјотрес во Струмица, Валандово и околината
Пролонгирано заминувањето во затвор на Сеад Кочан, додека не се одлучи по неговото барање
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

1ТВ ексклузивно дознава: Законот за амнестија на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ е готов

1ТВ ексклузивно дознава: Законот за амнестија на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ е готов
  • 26.11.2018

1ТВ дознава дека телото за помирување за инцидентите на „27 април“ веќе го подготвило својот предлог-закон за амнестија. Неофицијално, во законот, независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ предлага преквалификување на делото за директните учесници, а индиректните ќе бидат опфатени со целосна амнестија.

Во среда ќе биде првиот состанок на кој ќе биде претставен предлог-законот пред целото тело кое брои 25 членови од собраниското мнозинство и осумтемина пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите извори потврдуваат дека уште трае координацијата меѓу правните експерти и пратениците од независната пратеничка група.

-Гледаме дека секој ден се случуваат активности кои имаат некакво влијание врз целиот пероцес, велат за 1ТВ извори од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека до среда освен предлог-законот ќе се знаат и функцијата и надлежностите на ова тело.

Back To Top