skip to Main Content

1ТВ дознава: 30 дена притвор за петтемина осомничени во „Империја“

1ТВ дознава: 30 дена притвор за петтемина осомничени во „Империја“
  • 10.11.2018

1Тв дознава дека по 30 дена притвор заработија Јордан Камчев, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Зорица Арсовска и Тодор Мирчевски во слулајот на СЈО „Империја“, а се осомничени за неколку кривични дела, меѓу кои злосторчничко здружување, измама, перење пари, злоупотреба на службена положба… Ваквата инфомација ја потврдуваат и дел од адвокатите, но не е официјално потврдена.

Распитите во кривичниот суд за истрагата на СЈО „Империја“ траеа околу четири часа. Но, се чекаше судијата на претохна постапка Весна Димишкова да ја донесе одлуката.

Иако беше последен донесен и не беше регистриран од медиумските камери, прв беше испрашуван бизнисменот Орце Камчев, бидејќи е првоосомничен во „Империја“.

СЈО изврши претрес на 12 локации. Обезбедиле доволно докази за да се докажат кривичните дела.

Игор Стефановски

Back To Top