skip to Main Content

1ТВ дознава: Убиство и обид за убиство во Мала Речица

1ТВ дознава: Убиство и обид за убиство во Мала Речица
  • 14.10.2018

Убиство и обид за убиство ја потресоа Мала Речица пред дваесетина минути. Нашите извори јавуваат дека средовечен човек вечерва ја убил својата сопруга во куќата на нејзиниот татко, а потоа излегол и пукал во таксист со намера да го убие. Таксистот е повреден и е префрлен во болница. Според нашите извори, жената е убиена со два куршуми, а убиецот е во бегство и се уште е вооружен. Во моментов полициски екипи вршат увид и чекаат да пристигне јавен обвинител.

К.А.

Back To Top