skip to Main Content

1ТВ дознава: Не Владата, туку собраниското тело за помирување ќе го подготви новиот Закон за амнестија

1ТВ дознава: Не Владата, туку собраниското тело за помирување ќе го подготви новиот Закон за амнестија
  • 18.11.2018

Не владата, туку собраниското тело за помирување за инцидентите од 27 април ќе го подготви новиот Законот за амнестија, дознава 1ТВ.  За парламентарното мнозинството законот за амнестија на ВМРО-ДПМНЕ кој неодамна го поднесе до Собранието е неприфатлив, бидејќи таму се бара амнестија за сите кои учествувале во крвавиот четврток. Премиерот Заев во интервју за 36о степени рече дека може да прифати амнестија, но не за директните учестници во насилстата минатата година.

– Сите што не учествувале во насилството на 27 април- крвавиот четврток, и не биле дел од организаторите внатре, јас немам проблем преку нив да го направиме помирувањето. Тоа може да биде Закон за амнестија, донесување на одлука на Парламентот во рамки на своите надлежности – изјави Заев, на прашањето дали тројцата пратеници инволвирани во насилствата на 27 април би можело да бидат ослободени од одговорност.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не отстапуваат од Законот кој веќе го поднеле во Парламентот. Додаваат дека нема да прифатат Закон за амнестија со кој ќе има селективна правда за настаните од 27 април.

– И тоа што Зоран Заев сега го кажува не е поразлично од тоа што прво го рече, па потоа се правдаше дека не споменал амнестија, а сето во функција на изгласување на антидржавните политики. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, во една демократска држава, каква што Република Македонија не е со доаѓањето на власт на СДСМ и Зоран Заев, не смее да има селективна правда.  ВМРО-ДПМНЕ даде свој предлог закон со кој се опфатени сите учесници од 27 април, кој што беше одбиен од Заев, кој што креираше собраниското тело за неговите потреби.  Секако ВМРО-ДПМНЕ останува на тоа дека доколку тоа тело донесе одлука која што би значела селективна правда, таа нема да биде поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, велат од опозициската партија.

Во законот на ВМРО-ДПМНЕ се бара ослободување од кривично гонење, запирање на кривичните постапки и целосно ослободување од издржување на казната затвор на лицата осомничени и обвинети во судските постапаки кои се водат пред судовите за инцидентите од 27 април.

Весна Велкова Тодоровска

Back To Top