skip to Main Content

Џес Бејли: Македонија има реални шанси наскоро да биде во НАТО

Џес Бејли: Македонија има реални шанси наскоро да биде во НАТО
  • 04.04.2018

Македонија денес има реална шанса да стане дел од НАТО Алијансата и тоа е најголемата разлика денес, во според од пред 2 или повеќе години. Ова денес го изјави американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли, по повод Денот на НАТО, за време на пригодната свеченост оддржана во Скопје, а организирана од Министерството за одбрана, Евроатлантскиот совет на Македонија (АТА-Македонија), НАТО Канцеларијата за врски и Хрватската амбасада во Скопје.

– Што значи членството во НАТО за Македонија и за нејзините граѓани? Тоа значи дека ќе бидете сојузници, а не партнери, пријател, сосед со останатите земји членки. Денеска кога се одбележуваат 69 години од потпишувањето на Вашингтонскиот договор, американскиот амбасадор нагласи дека Алијансата е сојуз што се заснова на почитување на човековите прва и слободи, демократијата и владеењето на правото.

Според Бејли, ниското ниво на владеењето на правото земјата ја први ранлива за корупција, но и за внатрешни и надворешни непријатели.

Тој додаде дека влезот во НАТО ќе помогне да се надминат внатрешните политички поделби во земјата, а според него од круцијално значењње е системските реформи што се воведуваат во Македонија да не останат само на хартија, односно законите што се носат во Парламентот понатаму практично да се имплементираат.

K.E.

Back To Top