skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева ќе сведочи пред Русковска во 10 часот во вторник
Јанева негира дека дала наредба за претрес на обвинителите
Обвинителот Рустеми сведочи во ОЈО
Стефанова за комуникацијата меѓу Јанева и Камчев: Не сум експерт за криминал
Скопје и Софија ја интензивираат соработката во одбраната
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Џафери-Хан: ЕУ ги вреднуваше напорите, сега фокусот е врз обврските

Џафери-Хан: ЕУ ги вреднуваше напорите, сега фокусот е врз обврските
  • 17.07.2018

Со Одлуката на Советот на ЕУ за отворање на патот за отпочнување преговори во јуни 2019 година, земјите членки испратија јасен сигнал дека ги вреднуваат напорите на Македонија за реформи и добрососедски односи. Во наредниот период е потребно фокусирање на државата за исполнување на обврските во сите клучни области, истакнале на денешната средба претседателот на македонското Собрание Талат Џафери и еврокомесарот Јоханес Хан.

Како што соопшти собраниската прес-служба, Џафери на средбата посочил дека дека Собранието е целосно посветено на продолжување и продлабочување на сегашниот реформски импулс за да испорача понатамошни видливи резултати.

Еврокомесарот Хан го поздравил постигнатиот напредок, ја повторил силната поддршка на меѓународната заедница на патот на Република Македонија кон евроатланска интеграција и ја нагласил клучната улога на Собранието во процесот на усогласување на законодавството.

Двајцата соговорници заклучиле дека во наредниот период ќе биде потребно фокусирање на исполнување на обврските во сите клучни области.

Еврокомесарот Хан, со денешната посета на Македонија, официјално го означи почетокот на скрининг процесот со Европската комисија за утврдување на нивото на усогласеност на домашното со законодавството на ЕУ.

Back To Top