skip to Main Content

Џафери-Кахраман: Потврдено пријателството меѓу Македонија и Турција

Џафери-Кахраман: Потврдено пријателството меѓу Македонија и Турција
  • 19.04.2018

Посетата на Турција е од особено значење за Македонија и претставува потврда за пријателските и братски односи на двете држави, порача претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери на средбата со неговиот колега турскиот спикер на Големото национално собрание на Турција, Исмаил Кахраман.

Џафери, кој е во официјална посета на Турција, рече дека Турција дава безрезервна поддршка на Македонија за евроатланските аспирации на нашата земја.

– Благодарам и за поддршката која Турција ја дава во мултилатералните напори и институции каде што нашата земја има потреба, истакна Џафери од Анкара.

На средбата, која се поклопува со договорените вонредни избори во Турција, Џафери на Кахраман му посака успех на изборите и го покани во повратна посета.

Македонскиот спикер положи цвеќе на гробот на Кемал Ататурк во Мавзолејот и го посети Музејот на таткото на модерна Турција.

Back To Top