skip to Main Content

Џафери за 1ТВ: Иванов го крши Уставот – емоциите да се остават на страна и да ги вршиме нашите должности

Џафери за 1ТВ: Иванов го крши Уставот – емоциите да се остават на страна и да ги вршиме нашите должности
  • 06.07.2018

– По завршувањето на вчерашната седница, според процедурите пропишани со Деловникот, истиот момент го потпишав делот од Указот каде што стои моето име и презиме и истиот ден Законот и Указот ги проследив во Кабинетот на претседателот на државата и оттаму потврдно добив информација дека материјалот е примен.

– Претходно побарав да се видам со претседателот Иванов и во однос на други работи кои што се важни за земјава. Оттаму не добив повратен одговор и престанав да барам и понатаму средба.

– Во секој случај и без оглед на тоа институционалната комуникација функционира, но одлуките се тие кои што се веќе познати и за јавноста – евентуалната одлука на Претседателот до крај да не го потпишува Указот е спротивно на Уставот на Република Македонија а со тоа и прекршување на Уставот.

– Ние сме избрани на функциите и може да имаме лични ставови, но личните чувства и емоциите треба да ги оставиме на страна додека ја извршуваме функцијата, затоа што сме обврзани со сите процедури и постапки кои што се пропишани во Уставот и во законите. Во тој контекст и тоа да е причината мислам дека како носител на државна функција треба да се издигне и да го надмине и тој емотивен момент доколку е тоа причината за некомуницирање односно без оглед кој е личниот став, партиски или на граѓаните. Во секој случај во моментот кога сме избрани ние сме избрани и од оние кои имаат спротивен став и ги претставуваме и тие што имаат различен став од она што е на оние што не поддржуваат, изјави во „Уреднички брифинг“, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.

 

Back To Top