skip to Main Content

Џафери за 1ТВ: ВМРО-ДПМНЕ да опстои на ветувањето дека нема да го попречува изборот на ДИК

Џафери за 1ТВ: ВМРО-ДПМНЕ да опстои на ветувањето дека нема да го попречува изборот на ДИК
  • 06.07.2018

– По барањето на политичките партии за колективната оставка на членовите на ДИК, моја сугестија беше да се води сметка дека се воспоставува лоша пракса на колективно откажување од функциите под плаштот на справување со една или со друга појава, затоа што ќе дојдеме во ситуација да немаме функционална институција, а сите сме луѓе и не сме договорени кога и што може во иднина да се случи, изјави во „Уреднички брифинг“, Талат Џафери, претседател на Собранието.

– Сите постапки и процедури после тоа зависат од работата и функционалноста на ДИК. Точно Собранието е надлежно да донесува одлука за распишување на референдум, меѓутоа ДИК е таа што треба да го спроведе.

– Политичките партии во итна седница консензуално, со двотретинско мнозинство, со потпис на координаторите на политичките партии ги изменија деловите на изборниот законик во делот на делот на избор на ДИК со кое се враќа претходното решение, она пред Пржино, членовите на ДИК да бидат предложени од политичките партии со ограничен мандат до есента и на есен да се влезе во измени на кривичниот закон со кое што би се декриминализирало финансирањето на политичките партии во делот на она што е кривична одговорност при изборите за оние сметки кои што се отвораат за потребите на изборите.

– Политичките партии тоа го направија, со измени на закон го обврзаа Собранието, во соодветна постапка да огласи оглас за пријавување на членови на ДИК, за кои по соодветна процедура политичките партии ќе дадат согласност за членови онака како што е пропишано во законот. За да може да се постапи од пријавените преку 40 кандидати, комисијата за избори и именувања на седница треба да утврди предлог листа на кандидати кои ги исполнуваат условите. Таа предлог листа треба да дојде кај мене во Собранието и врз база на таа листа јас да ги известам политичките партии дека ова е листа на кандидати кои што ги исполнуваат условите од кои што треба повратно во рок од три дена да ми се достават одговори за кои кандидати партиите застануваат.

– Откако ќе добијам јас информација од политичките партии зад кои кандидати стојат тие, јас тие материјали ги доставувам до Комисијата за избори и именувања за да истата на седница изнесе предлог листа за членови на ДИК – кој ќе биде претседател, потпретседател, член. Таа предлог листа е материја за да јас можам да ја ставам дали на посебна седница на Собрание.

– По прв пат се случува Комисијата за избори и именувања да ја води опозицијата. По завршувањето на изборите во 2016, компромисно се договоривме и пруживме рака како мнозинство – да покажеме дека имаме верба во опозицијата.

– Со сето ветување од опозицијата дека нема да се искористи за опструкција таа Комисија, гледаме дека во пракса не е така, рече Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија.

Back To Top