skip to Main Content

Џафери: Ако нема цензус, јас ќе бидам претседател

Џафери: Ако нема цензус, јас ќе бидам претседател
  • 29.04.2019

Претседателот на Собранието Талат Џафери ги повика граѓаните в недела на вториот круг од изборите да излезат масовно и да гласаат за, како што вели, да одлучат за иднината на земјата.

Тој, како што изјави во вечерашното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, зборува за актуелните политички ситуации и изборите в недела и потребниот цензус од 40 проценти.

Објаснувајќи го процесот на избори во втор круг, како и потребниот цензус од 40 проценти,  Џафери рече дека доколку не биде постигнат цензус од 40 отсто, на 12 мај тој ќе треба да ја преземе функцијата на претседател на Република Северна Македонија.

Back To Top