skip to Main Content

Ќе се чека екстрадицијата на Грујевски и Бошкоски или ќе им се суди во отсуство

Ќе се чека екстрадицијата на Грујевски и Бошкоски или ќе им се суди во отсуство
  • 27.03.2018

Судењето за случајот на Специјалното јавно обвинителство, „Таргет – Тврдина“ се одложи за на 15 мај. Се уште се чека екстрадиција на поранешните разузнавачи Горан Грујевски и Никола Бошкоски кои се во притвор во Грција и против нив се водат неколку постапки во грчките судови.

Судот најави дека ако двајцата не бидат екстрадирани на следното рочиште ќе донесе решение за раздвојување на постапката за нив двајцата.

Во Судот денеска дојдоа поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Во предметот освен нив обвинет е и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски.

Според обвинителниот акт за овој случај, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Back To Top