skip to Main Content

Јошевска Атанасовска: Русковска подобро да молчи, отколку да дава опасни полу – изјави

Јошевска Атанасовска: Русковска подобро да молчи, отколку да дава опасни полу – изјави
  • 21.07.2019

По јавно искажаните зборови на шефицата на Оделението за оргинизиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, дека како доказ во „Рекет“ има и снимка на која се гледа и слуша дека на еден од состаноците помеѓу сведокот и осомничените телефонски се вклучува и обвинител, јавноста почна да бара повеќе одговори. Исто така, јавноста последните денови е се позачудена од фактот дека во истражна постапка обвинителката Рускоска навлегува во детали и докази кои тврдат дека ги имаат, а сето тоа се коси со праксата и презумцијата на невиност, како постулат на секоја нормална правна држава, адвокатката Јошевска Атанасовска, ја прашува обвинителската зошто досега не е покрената истрага против колегите од СЈО, доколку се точни тврдењата на Русковска.

1ТВ.мк во целост ви го пренесува фејсбук статусот на адвокатката:

-Ова зеде некултурни размери, но во суштина многу опасни. Обвинителката Вилма Рускоска мора да даде официјално, институционално образложение за инволвираноста на како ги нарекува, “колегите од СЈО” или во спротивно нека молчи и нека не ја пали јавноста со опасни полу-изјави.

Треба јасно и гласно, за да ја разбере и првооделенче, да објасни зошто против “колегите од СЈО” не е покрената истрага и не се преземаат мерки ако се точни две информациички кои ги пласира на медиуми онака, ко холивудски тизер за трилер:

  1. Дека има аудио снимка од “јавен обвинител” кој е вклучен на интерфон додека трае изнудата.
  2. Дека предистрагата траела долго и се испитувало дали можеби “сведокот” се обидува да наштети на “колегите од СЈО” (со други зборови, пријавата од сведокот директно ги инволвира СЈО, па мора да се испитува што е точно)

Што се утврдило пред отварањето на истрагата, обвинителке? Сакал ли сведокот да наштети на СЈО или имаме злосторничко здружение?

Ако е утврдено дека не му е целта да наштети, бидејќи му давате статус на сведок (малтене жртва), зошто никој од “колегите од СЈО” не е уапсен при постоење на снимки? Зошто спомнувате дека се слуша при изнудата “разговор со јавен обвинител”, а не кажувате што од тоа сте утврдиле. Вмешаност или не??? Како тоа “во иднина може да се прошири истрагата” ако имате снимки?? Зошто не ја отворите истрагата против сите инволвирани (постоење на основано сомнение) па врз основа на резултатите да покренете обвинение само против оние лица за кои ќе се уверите дека можете да докажете кривично дело пред непристрасен суд, како во секоја нормална држава? Зошто во официјалниот прес ставот на обвинителството е дека оставката на Катица Јанева е “само лош тајминг”?

Дали “сведокот” со давањето пари обезбедил влијание кај СЈО, си обезбедил куќен притвор и пасош кога му затребал, па отпосле пријавил и ако е така, зошто не е против него покренато обвинение? Јас знам зошто, ама мора се’ да се објасни, јавно и без стискање на изјави низ заби.

Ма каков е овој обид за правна држава во кој живееме??? Ова е една голема трачарница, сред-село, биртија, домашна слава во која се седнати 2 милиони, мезат, пијат и се’ знаат.

Заслужуваме ли ние како јавност да изградиме доверба во институција која сега ни се пласира како ново-старо СЈО? Како да ја изградиме кога главната обвинителка на медиуми дава изјави од кои може јавноста да шпекулира до бесвест дека истата ги штити “колегите од СЈО” и уште еден куп други сценарија.

Back To Top