skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
(Видео) Со дрон во Скопје откриен потпалувач на оган
Веќе е извесно дека завршница за предметите на СЈО ќе има
Вистиномер.мк: Химната не е отстранета од образовните програми за основците
Анѓушев: Едно семејство не може да живее со 200 евра плата, минималната плата мора да расте

Јовески: До крајот на денот ќе ги преземеме сите предмети на СЈО

Јовески: До крајот на денот ќе ги преземеме сите предмети на СЈО
  • 13.09.2019

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески очекува до крајот на денот да заврши трансферот на предметите од СЈО во редовното обвинителство, јавува фокус.

-Утринава е почнат процесот на преземање на предметите и до крајот на денот очекувам да заврши. Наредните денови ќе продложат техничките детали. Кој ќе постапува по нив, односно кое надлежно обвинителство и кои точно обвинители, дополнително ќе утврдиме. Тековните судски предмети можно е ден- два да се одложат, но ние ќе им дадеме приоритет на овие предмети, рече Јовески.

Тој рече и дека за нив „бомбите“ се докази и дека тие ќе продолжат да ги користат.

-Став на судовите е дека ги прифаќаат како докази и ние ќе ги предлагаме, рече Јовески.

Обвинителот прашан за тоа каде ќе одат обвинителите од СЈО, рече дека нивните функции мируваат, и очекува Советот на јавните обвинители брзо ќе го реши нивниот статус.

извор:фокус.мк

Back To Top