skip to Main Content

Јовановски: Фамозните приказни за куферите со пари ги отфрлам како невистинити

Јовановски: Фамозните приказни за куферите со пари ги отфрлам како невистинити
  • 28.06.2019

Во врска со чаршиски муабети дека Јордан Камчев го снимал Јовановски со некакви непристојни предлози, првиот човек на 1ТВ  ги отфрли обвинувањата како невистинити.

„Јордан Камчев го познавам долги години. Изминатава година соработуваме, се рекламира на оваа телевизија. Можам да кажам само дека мене како негов медиумски соработник не ми е  забрането да се гледам со него. Сум се гледал со него кога излезе од затворскиот случај за „Империја“. Околу фамозните приказни за куферите со пари ги отфрлам како невистините. Доколку ме снимал е направено незаконски и е кривично дело и доколку дојде до такво нешто, во свое време ќе го дадам соодветниот одговор. Од оваа дистанца можам да кажам дека ништо што е против законски или злоупотреба на некоја институција и информација не е искористено против него“, рече Јовановски кој потоа објасни за вработувањето на синот на Катица Јанева, Лазар Јанев во 1ТВ.

„Лазар Јанев е квалитетно момче кое има завршено правен факултет и е исклучително солиден во правниот сектор. Педантно си ја работи својата работа, секој би требал да посака таков човек да работи во неговата компанија. Поврзувањето е дека со Катица и Лазар сме злоупотребувале клиенти за телевизија. Доколку сме тргнале тоа да го правиме сме требале до сега да направиме партал. Јас испаднав најсериозен фактор во државата. Колку што сум бил лице за потсмев одеднаш почнав да им сметам на големите и бараат причина да ме дискредитираат до мера некој да не сака да работи во оваа телевизија“, вели Јовановски.

Back To Top