skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Јовановски: Никаков обид за поткуп или закана нема да го обесхрабрат тимот на „Македонски инсајдер“

Јовановски: Никаков обид за поткуп или закана нема да го обесхрабрат тимот на „Македонски инсајдер“
  • 21.01.2019

Бојан Јовановски, сопственикот на 1ТВ и БМЈ Медиа груп беше гостин во Централнот Дневник по повод изнесените измислици и лаги од страна на Зоран Азманов, кажани на денешната прес-конференција на која тој обвини дека од него бил побаран рекет од 50 илјади евра или стан.

„Се работи за лиценциран формат, не станува збор за обична туку авторска емисија лиценцирана од група на автори и нема бегање од тие стандарди, кога телевизијата платила финансиски средства, мора да се придржуваме до тие стандарди, кои се на највисоко ниво и нетипични за Македонија. Единствено што јас се чувствувам должен да објаснам е дека сум повикан бидејќи сум јас по себе јавна личност сопственик на 1тв. Имаме секојдневни закани притисоци на разни начини пробуваат да не замолчат односно практично непочнат да го спречат македонскиот инсајдер. Не сум човек кој ќе се заплаши. Секој еден кој ќе биде третиран во една од емисиите, ќе има право да застане пред камера и да ја одбрани својата чес,т углед и да го каже својот став“, рече Јовановски.

Сопственикот на 1ТВ откри дека имал понуда за разговор во четири очи со Азманов, но и дека простор за договор и поткуп нема.

„И вие и сите оние кои ме знаат малку повеќе знаат дека не е мој стил особено не за тие 50 000 евра или стан. Точно е дека два пати бев побаран од негова страна и немаше простор за разговор бидејќи ние имаме некакви материјали докази и факти со кои располагаме. Јас му кажав дека нема поростор за договор. Тој беше оној кој ми рече да се видиме во четири очи и да се договориме. Јас тврдам дека простор за поткуп и нема“, додаде Јовановски.

Македонскиот инсајдер кој е закажан за 17 февруари веќе крева голема прашина во етерот иако засега се најавени само 4 теми од кои едната е за градежната мафија. Исто така целиот колегиум на 1ТВ беше сведок на разговорот со Азманов во кој  ниту е побарано поткуп, ниту било што што би ги поткопало темелите на законот.

Тоа што посебно треба да се истакне е дека денес во телевизијата пристигнаа голем број луѓе со конкретни докази поротив Азманов и истите се спремни да сведочат. Во однос на барањето на Азманов на дуел со Јовановски, тој истакна дека не е стручен да зборува за мафијата во градежништвото, но дека инсајдер е лиценциран формат и дека уште утре сите досиеја ќе бидат предадени до надлежните институции.

„Јас не сум обвинител, ни судија, ни новинар кој е стручен да збори за мафија во градежништво, јас сум човек кој раководи медиум. На непочнат серијал Македонски инсајдер се крена голема фама и галама и сметам дека тоа е добро. Мојот апел за дуелот на Азманов и македонската јавност е дека обиди за поткуп или дека оваа е емисија за рекет ја отфрлам веднаш. Оваа емисија е лиценциран формат, за оваа емисија и за секое досие имаме меѓународна помош од институции и организиации кои се занимаваатт со истражувачко новинарство.. Инсајдер нема да биде базиран на шпекулации, не сакаме никого тендензиозно да нападнеме и уште една последна работа уште веднаш утре против Азманов ќе биде поднесена тужба за клевета и апелирам сите надлежни институции да истражат дали од моја страна или од Кабранов биле побарани 50 000 евра или стан. Ги охрабрувам и МВР и Јавното обвинителство и Азмнанов истите тие обвинувања да ги докаже преку сите овие институции. Македонски инсајдер нема да застане, ќе продолжи и уште утре веднаш секое досие кое го имаме ќе биде предадено до надлежните институции. Никој нема да биде поштеден“, нагласи Јовановски.

Гостувањето на Јовановски во Централниот дневник погледнете го во видеото.

Back To Top