Јовановски и Милевски на распит во Кривичниот суд Скопје

Во Кривичниот суд вечерва на распит е доведен Бојан Јовановски, откако пред неколку часа таму беше спроведен и Зоран Милевски. Судот треба да донесе одлука дали ќе им одреди притвор како што тоа го побара Јавното обвинителството кое отвори истрага против Јовановски и Милевски, како првоосомничен и второосомничен за изнудување пари.
Обвинителството по собрани вербални и материјални докази ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот и за „перење пари и други приноси од казниво дело“.
На прес-конференцијата на која обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска го образложи случајот и доказите со кои денеска се отвора истрагата, не беа соопштени идентитетите на осомничените, заради почитување пресумпција на невиност, ниту пак, идентитетот на обвинителот врз кој двајцата приведени имале влијание.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.