skip to Main Content

Јовановски: Ги повикувам сите институции да истражат, кога ќе се докаже хајката некој мора да поднесе одговорност

Јовановски: Ги повикувам сите институции да истражат, кога ќе се докаже хајката некој мора да поднесе одговорност
  • 28.06.2019

Во врска со пратеничкото прашање и одговорот на премиерот Зоран Заев дека имал желба да се расчистат наводите за рекет, првиот човек на 1ТВ Бојан Јовановски вели дека тој има 10 пати поголема желба и затоа ги повикува сите институции, почнувајќи од ОЈО, да ги земат овие елементи и веднаш да истражат до самиот крај затоа што само така може да се докаже дали има сторено кривично дело.

-За стореното кривично дело опишано во Кривичен законик по Член 258, тоа е изнуда, се вели дека лице кое сака да прибави за себе или за друг противправна имотна корист и кое ќе се служи со примена на некаква сила и на тој начин да изнуди материјална корист, тој направил кривично дело опишано како изнуда. Каква изнуда? Многу стана интересно да се кажува рекет таму каде што нема рекет. Мене како сопственик на медиум, не бев свесен дека во Македонија е олку тешко да се биде сопственик. Овде се научени телевизиите кои беа укотвени на ова тло да бидат телевизии, тие се недопрени. Имавме разни ситуации каде што можевме да видиме влијание на разни новинари и сопственици на медиуми во бомбите, но тие се тие и не треба да бидат чепнати. Ние како телевизија не се занимававме со ниеден друг медиум во изминатиот период, рече Јовановски.

Како што вели, неумесно е да дава квалификации за новинарот Геровски, да бара синоними за него, затоа што иако во неговиот говор имаше многу омраза, тој не е повикан за тоа, туку има новинарски организации кои треба да го решат.

-Како сопственик на медиум, морам да разговарам со клиенти за телевизијата и системот во оваа компанија да функционира. Тоа значи дека ако влезам во преговор со некој клиент кој треба да се рекламира во оваа телевизија, практично јас сум рекетарот. Јас морам да си ја работам својата работа. Оваа телевизија мора да продолжи да функционира. Што се случува? Се случува општа хајка, оркестрирана од кој центар, од која личност, поради кои и чии интереси, времето е најдобар показател да покаже. Јас инсистирам органите на прогонот во државата сите свои можности и надлежности да ги употребат при расветлување и расчистување на оваа папазјанија што се случува и овие оркестрирани атаци кон 1ТВ, изјави Јовановски.

Тој порача дека сите што вршат притисок врз медиумот и вработените не треба да заборават дека откако ќе се докаже дека ова било балон полн со невистини, некој ќе мора да поднесе одговорност затоа што телевијата трпи штета по угледот и финансиски.

Back To Top