skip to Main Content

Ја заокружуваме втора сезона на Отворено Студио 1

Ја заокружуваме втора сезона на Отворено Студио 1
  • 28.06.2019

Уште една сезона на Студио 1 останува зад нас, а екипата на 1ТВ веќе се подготвува за новата, трета сезона. Во специјалното издание се присутни сите колеги кои со различни теми изминатата година придонесоа за шареноста и забавата, но и сериозните теми.

-Ја заокружуваме втората сезона од Студио 1 и делот Мода. Можам да кажам дека сум и горд и малку тажен затоа што се затвора овој едногодишен концепт затоа што истерав 300 емисии во живо. Од септември ќе одиме со нов концепт, изјави модниот експерт Сергеј Варошлија.

-Успеавме да се наметнеме со разни теми и приказни, да донесеме балкански и домашни имиња во 1ТВ и заедно со Стефан и целиот тим на Ексклузив мислам дека успеавме во нашата мисија да забавуваме и да едуцираме, рече Нина Славковска.

-Почнавме во момент кога македонската естрадна сцена не беше толку развиена и се потрудивме годинава да ја разбудиме и да им доловиме на гледачите доста интересни теми, концерти и патувања, вели Стефан Лазаров.

-Белата боја е заштитен знак на Вимблдон, ќе го пренесуваме најубавиот тениски турнир на официјалното светско првенство. Ќе имаме убав настан, 14 дена тенис, стартуваме со отворено студио, многу преноси и еден убав предизвик за сите што ќе го работат проектот, изјави спортскиот новинар Дамјан Николовски.

-Јас сум веќе долго време во новинарството, 17 години на терен и секоја година е нов предизвик бидејќи станува збор за љубов. Ако немате љубов и страст, веројато тоа ќе било избледено и немаше да бидам тука. Јас ја прифатив понудата на 1ТВ да работам овде токму заради луѓето. Предизвикот е нов секој ден, не знаете што ве чека на теренот, колку и да имате искуство, изјави новинарката Искра Опетческа.

-Изминатата година беше тешка бидејќи имаше многу судски процеси, но мене оваа работа ме исполнува бидејќи ја сакам, особено судското известување, затоа што станува збор за правичен ресор, но има и многу критики од дел од опфатените во дел од судските процеси, рече новинарот Игор Стефановски, кој се вклучи во студиото преку линк.

Целото студио можете да го погледнете во видеото.

Back To Top