skip to Main Content

Јанкулоска на посебно судење за „Таргет – Тврдина“

Јанкулоска на посебно судење за „Таргет – Тврдина“
  • 19.06.2018

Поради ризична бременост во деветтиот месец, на поранешната министерка за внатрешни Гордана Јанкуловска ќе и се суди посебно и за случајот за масовното нелегално прислушување „Таргет и Тврдина“.

Судечкиот совет констатира дека е примен поднесок од обвинетата Гордана Јанкулоска за спреченост да присуствува на судењето заради отворено породилно отсуство со ризична бременост.

Обвинителката од СЈО Ленче Ристевска во однос на поднесокот од Јанкулоска рече дека согласно наведената здравствена состојба обвинетата нема да може да присуствува подолго време, поради што, како што додаде, верува оти се исполнети условите постапката против неа да биде раздвоена.

Постапката за екс министерката беше одвоена и за случајот на СЈО „Тенк“, за набавката на луксузниот мерцедес од 600.000 евра.

Освен неа во случајот Таргет-Тврдина“ обвинети се и екс директорот на убк Сашо Мијалков, поранешниот негов шеф на кабинет Тони Јакимовски како и Горан Грујевски и Никола Бошковски кои се во Грција откако беше одбиено барањето за нивна екстрадиција во земјава.

Судијката Џенета Бегтовиќ на денешното рочиште даде пауза за да може за адвокатот Петар Василевски да го достави пред Судот примерокот од одлуката на Врховниот суд на Грција, со која се ослободени од екстрадициски притвор поранешните разузнавачи Горан Грујевски и Никола Бошкоски.

Претходно, Судот констатира дека е примен поднесок на 14-ти овој месец во Министерството за правда со кое се известува дека немаат до тогаш добиено известие за барањето за екстрадиција на Бошковски и Грујевски.

Адвокатот Василев пред Судот рече дека одлуката пред Врховниот суд во Атина е донесена на 18 мај годинава и притоа им било соопштено дека поради постоење на акт на помилување, односно поради одлука на Претседателот на Република Македонија да бидат ослободени од прогон, истите мора да бидат пуштени на слобода.

– По вака објавената одлука сега обвинетите веднаш се пуштени на слобода, рече Василев.

Истрагата за предметот „Тврдина“ беше отворена на 29 март 2016 година, а за предметот „Таргет“ на 17 ноември 2016 година, а поради нивната поврзаност се споени во еден предмет. Обвинението е подигнато на 30 јуни 2017 година.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Back To Top